Се мачите со вишокот на килограми? Колку и да внимавате на исхраната и физичката активност, сепак не можете да ја намалите телесната маса? – На вистинското место сте. Ние имаме 8 мали трикови за полесно слабеење.

Ретко кој може да се контролира безгранично долго и да внимава на исхраната бесконечно долго. Тоа е посебно тешка задача за време на празници, свечености, прослави, забави. Па, бидејќи има многу луѓе кои се соочуваат со тешко варење, во оваа прилика ви припремивме 9 совети за подобро варење на храната и подобар метаболизам.
Емоционалниот глад не мора секогаш да значи дека сме гладни, понекогаш тоа може да има многу подлабоки причини. На сите ни се случува понекогаш, по ручекот да продолжиме да се прејадуваме и да изедеме големо пакетче чипс или цела чоколада, но ако тоа се случува често, ќе дојде до неможност за слабеење, дури и до покачување на килограмите без да забележиме.
Чувствувате кркорење во стомакот иако скоро сте јаделе? Оваа појава е нормална кога подолго не сме јаделе и веќе чувствуваме силен глад. Тогаш, како еден вид одбранбен механизам, желудникот сигнализира дека нашиот организам има потреба од нова енергија и време е да се нахраниме. А, зошто се јавува кркорење во стомакот кога не станува збор за глад?
Ако и вие сте дел од жените кои страдаат од предменструалниот синдром (ПМС) следните совети ќе ви бидат од голема корист. ПМС е голем проблем со кој се соочуваат многу жени, а главна причина за тоа е промената на нивото на хормоните во телото со што се предизвикуваат различни физички и емоционални симптоми како нервоза, зголемено чувство на глад, појава на акни, вознемиреност, главоболка, замор, подуеност, чувствителност на градите и сл.
Како што се приближува летото, сите сакаме да постигне топ форма и идеален изглед на нашето тело. Многумина од нас остануваат неактивни премногу долго во текот на зимата и во тој период може да добијат неколку килограми повеќе. Но, намалувањето на телесната тежина станува вистински предизвик, затоа што доколку сте на некоја ригорозна диета, може да бидете гладни, нервозни и напнати.