Бубрезите се парен орган и како и сите останати органи во телото, извршуваат повеќе функции од витално значење. Секој ден, тие процесираат околу 189 литри крв, го ослободуваат вишокот на вода и отпадни материи. Ги отстрануваат токсините и одржуваат нормална работа на телото. Поради тоа, важно е правилно да се грижиме за нив. А, најдобар начин за одржување на нивното здравје е преку редовна детоксикација на бубрезите.
