Среќна Нова 2021 година и среќни Божиќни празници!

Наскоро е нашиот 9-ти роденден и како поубаво би го пречекале ако не со победа во она за што сме специјализирани?! 🙂 Храната и здравјето беа причината поради која започнавме! sezahrana.mk е специјализиран сајт за храна, основан во 2012 година, со објавени над 3800 авторски содржини/рецепти и ја имал довербата на повеќе од 50 пријатели и поддржувачи низ годините. Драги наши читатели, денес, благодарение на вашата поддршка и интерес, славиме победа во категоријата Храна и Здравје и трето место во категоирија Најдобар блог, на веќе традиционалната манифестација за Сајт на годината, во организација на Media Solutions.
Дали сакате да добивате подароци? – И, дали подарувате!? Празниците кои доаѓаат се супер можност да го подобрите расположението и да уживате во празничната магија. Купувањето на подароци треба да ви причинува задоволство, иако секогаш се јавува дилема што да им купите на најблиските за посебно да ги израдувате. Малку разгледувавме и сега споделуваме со вас неколку корисни совети кои ќе ви помогнат при изборот на новогодишен поклон за најблиските.
Новата година, носи нови почетоци. Минатото е зад нас, па носиме новогодишни одлуки, се надеваме на среќа и благосостојба, планираме, а и спремаме богата трпеза. Прашавме повеќе домаќинки од нашиот крај што најчесто пригитвуваат за новогодишната вечер, па ви претставуваме што традиционално се спрема за новогодишната трпеза.