Крцкави вртени стапчиња со зачини и крупна сол 1

Крцкави вртени стапчиња со зачини и крупна сол

„Спомени од дестството! Совршено крцкави, неизмерно вкусни и направени од вештите раце на мајка ми! – Ете на тоа ме потсетуваат овие крцкави вртени стапчиња. Мајка ми ни ги правеше од кога знам за себе, па сега со огромно задоволство ги правам јас. Пријатните емоции од сеќавањата на крцкањето и уживањето во дружбите, родендените, ме поттикнаа да научам да ги правам совршено како неа. Сите кои ги пробаа, се воодушевија и затоа ви ги препорачувам! – вели Катерина од нашиот тим. 

рецепти за солени стапчиња

17 избрани рецепти за солени стапчиња, грицки и бисквити

Новонастанатата ситуација со корона вирусот налага нови правила на живот со цел полесно и побрзо да се справиме со епидемијата. Еден од главните и најефикасни совети покрај тоа често да ги миеме и дезинфицираме рацете е сите да останеме дома и да не излегуваме без причина. Слободното време може да го исполниме со гледање филмови, читање книги, но и готвење, чистење и пролетно средување на домот. За полесни денови припремивме листа на 17 избрани рецепти за солени стапчиња, грицки и бисквити.

Солени стапчиња со маслинки и кашкавал

Солени стапчиња со маслинки и кашкавал

Имаме нов супер брз и лесен рецепт за солени стапчиња кој ни доаѓа од кујната на Лана. Овие солени стапчиња со маслинки и кашкавал се полн погодок за сите оние кои ја обожаваат медитеранската кујна, но и за сите останати кои сакаат да грицкаат нешто домашно и вкусно додека го гледаат омилениот филм или спортски натпревар. По желба, секако може да ги направите и со други состојки по сопствен вкус, изборот е ваш, а можностите на комбинации на вкусови се неограничени.

Посни солени бисквити со маслинки и зачини

Посни солени бисквити со маслинки и зачини

Супер рецепт за сите оние кои обожаваат да грицкаат нешто додека гледаат телевизија или пак во комбинација со пиво. Убавото кај овој рецепт е тоа што овие посни солени бисквити многу лесно и брзо се прават, а уште побрзо се јадат. Одлични се за мезење со добро друштво, а нас нѐ фасцинира тоа што може да се комбинираат со разни намази и да се прават во повеќе вкусови.

солени стапчиња со оригано

Солени стапчиња со оригано, буковец и копар

Домашните солени стапчиња се највкусни, лесно се прават и сигурно целото семејство ќе се израдува доколку ги направите. А послужени со вкусен сос се идеални како мезе за пријателите, гледање на филм или некој фудбалски натпревар. Па, токму и така се роди идејата да направиме солени стапчиња со оригано, буковец и копар. Овие зачини ги набавивме од Рајска градина и ни беа инспирација да приготвиме нешто интересно.

Крцкави сусам стапчиња со мелено ленено семе 1

Крцкави сусам стапчиња со мелено ленено семе

Направете крцкави сусам стапчиња со мелено ленено семе, повикајте го друштво, одберете го омилениот филмски наслов и препуштете се на уживањето! По желба вкусните и крцкави сусам стапчиња може да ги направите за бројните родендени во семејството, викендите, излетите и разните дружби! Одлични се за во разни прилики и се вклопуваат на сечија трпеза.

4 проверени рецепти за солени стапчиња - гризини 1

4 проверени рецепти за солени стапчиња – гризини

Кога станува збор за крцкави мезиња и најдобар прилог за друштвено уживање, проверени рецепти за солени стапчиња се секогаш добредојдени. Некои ги нарекуваат солени гризини или грицки, а како и да е, навистина се многу вкусни!

Брзи крцкави гризини со пиво 1

Брзи крцкави гризини со пиво

Време е за вкусна крцкава авантура со друштвото! Одберете ги најдобрите филмски наслови за опуштено попладне и препуштете се на уживањето! Викенд шема или работен ден, не е важно, фантастичниве брзи крцкави гризини со пиво се добар избор за било кој ден!

солени стапчиња со зачини

Крцкави солени стапчиња со зачини

„Кој може да одолее на крцкави, домашни и вкусни солени стапчиња со зачини? –  Често ги правам, а верувајте сите ги обожваат. Одлични се за забави, родендени, како грицки со филм или спортски натпревар. Од наведените состојки ќе добиете поголема количина на зачинети солени стапчиња, кои може да ги замрзнете и да ги користите штом ви се грицка нешто вкусно“ – вели Марија од нашиот тим.