Кога е во прашање болката, често не можеме да се потпреме на зборовите на децата, па затоа ви претставуваме неколку насоки како да го препознаете воспланието на слепото црево кај децата.
Д-р Нела Деспотовска советува: Проливи при патувања кај децата – еве сѐ што треба да знаете!
Д-р Нела Деспотовска советува: 7 препораки за силен имунитет на вашето дете
Здравјето на децата е врвен приоритет за родителите! Во период на вируси, особено сега во време на пандемија со коронавирус, силниот имунитет може да го заштити детето од непријатности и дополнителни ризици кои ги носат вирусите. Што можете вие како родител да направите за да го заштитите вашето дете? – По повод одбележувањето на Светскиот ден на детето, а тоа е 20-ти ноември, направивме мало истражување и поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска. Од разговорот споделуваме неколку совети за превенција од настинки и корисни препораки за силен имунитет на вашето дете.
7 начини да го зголемите вниманието на детето на училиште
Не постои родител кој не посакува детето да му биде одличен ученик. Но, понекогаш е вистински предизвик да се натера детето да учи. Колку и да вложуваме напори, често пати не успеваме доволно да ги мотивираме децата. За да ви помогнеме ви откриваме неколку стратегии како да го зголемите вниманието на детето на училиште и да му помогнете да постигне подобар успех.
Новитет кој веќе ги освојува родителите: Лино Фрутолино БИО кашички во практично „пауч“ пакување
8 намирници за силен имунитет кај децата
На секој родител му е важно здравјето на неговото дете. А бидејќи, за постигнување и одржување на силен имунитет кај децата, важна улога игра исхраната, односно изборот на храна која го подобрува нивното здравје, направивме истражување поврзано токму со тоа. Ако не знаете што да им дадете за појадок или вечера, а тоа да биде нешто здраво и вкусно, еве кои 8 намирници може да бидат од корист.
Родители! Заштитете го менталното здравје на вашите тинејџери
Овој текст е за младите тинејџери, но посветен на вас, нивните родители, роднини, пријатели. Можеби се прашувате зошто? – Затоа што само со заедничка соработка може да се постигне заштита на менталното здравје на вашите тинејџери. Во време на пандемија, нивната ментална благосостојба е изложена на висок ризик, а скоро да сме сигурни дека тие и не би се ангажирале претерано барајќи литература со насоки за помош. Имајќи го предвид тоа, ве повикуваме вас, кои сте најблиски со нив, да ги споделите информациите од овој текст.
Топ 5 намирници за подобра концентрација кај децата
Децата знаат да бидат пребирливи кога е во прашање изборот на намирници. Најчесто се одлучуваат за она што им е вкусно, отколку за храна што е здрава. Меѓутоа, колку и да не им се допаѓаат некои здрави намирници, и тие мора да бидат дел од исхраната на децата токму затоа што им се потребни за правилен раст и развој, како и за подобра концентрација.
Кои се најчестите стомачни проблеми кај децата?
Дигестивните проблеми се честа појава кај малите деца. Тие се особено изразени во летниот период кога не внесуваат доволно течности, играат надвор и ги валкаат рацете. Лесно расипливата храна исто така може да предизвика дигестивни непријатности. Ви откриваме кои се најчестите стомачни проблеми кај децата и што може да помогне во надминување на непријатната состојба.
Што е ноќна апнеа и како влијае на оралното здравје на децата?
Веројатно сте слушнале за ноќна апнеа, а голем дел од нас и ја имаат оваа непријатна појава. Но, она што можеби не го знаете е дека опструктивна ноќна апнеа може да се појави и кај малите деца, а не само кај возрасните. Што е ноќна апнеа, како влијае на детското орално здравје и како родителите да препознаат опструктивна слип (ноќна) апнеа – ОСА кај децата? – На овие прашања ни одговори Д-р Бојан Ангеловски, дипломиран стоматолог и специјализант по детска и превентивна стоматологија.
Д-р Нела Деспотовска советува: Ушните инфекции се чести во лето, особено кај децата
Ушните инфекции почесто се јавуваат во лето, а причините за тоа се временските услови, вклучувајќи ја влажноста на воздухот и топлината, како и посетата на базени, езера и мориња. Генерално, непријатните ушни инфекции се втората најчеста причина за посета на педијатар. На оваа тема поразговаравме до Д-р Нела Деспотовска која ни даде подетално објаснување за причините, третманот и превенцијата на ушните инфекции.
5 природни методи кои помагаат при запек и констипација кај децата
Проблемите со запек и констипација кај децата се јавуваат многу често. И тоа, освен кај повозрасната популација и малите деца, се појавуваат и кај доенчињата. Овој проблем е мошне непријатен, но за среќа постојат неколку природни и безбедни начини со кои може да им помогнете на вашите малечки. Во продолжение дознајте кои се тие.
Направете лесно прскaлка за трева од пластично шише
Ние ги обожаваме идеите кога од ништо можеме да направиме нешто. Денес имаме баш таква идеја за чија реализација ви е потребно само едно пластично шише. А летото е идеален период кој може да го искористите за забава со вашите деца. Доколку не сте во можност оваа година да си дозволите одмор, оваа прскалка за трева од пластично шише може да ви биде од голема помош.
Hawaiian Spirulina може да биде здрав дел во секојдневната исхрана на вашите деца
Роса школите за родителство како одговор на застарените совети од нашите баби – 10 застарени теории за родителството
Баби и дедовци – тие се нашите омилени и сите на еден или на друг начин сме биле одгледани од нив. Па, зошто тогаш токму тие и не би ги знаеле најголемите мудрости кога станува збор за родителство? Сепак, реалноста не е таква. Новите истражувања всушност нѐ предупредуваат дека токму застарените совети од нашите баби и дедовци можат да го доведат здравјето на бебето до ризик.