Клучот е во раното откривање! И лицата со мултиплекс склероза може да живеат нормално!

Во последните години, направени се голем број на истражувања за мултиплекс склероза, како настанува, кои се симптомите и како да се ублажи болеста. За жал, оваа болест и не е баш толку ретка во светот. Но, нејзиното рано откривање и правилен третман, овозможуваат спречување на прогресијата и нормален живот на лицата кои се стекнале со оваа дијагноза.