Не е тешко, само треба да се знае како. За време на патувањата е многу лесно да се заборави на зачувувањето на нормалниот ритам и баланс на дигестивниот систем, а и на целиот организам. Во брзањето да се „стигне“ авионот или било кој друг превоз, скоро без исклучок, сите посегнуваме по брза или пакувана храна. И тоа е во ред и не е чудно, но притоа не треба да заборавиме на некои основни препораки. Имајќи предвид дека секој од нас повремено се наоѓа во таква ситуација, истражувавме кои се најдобрите начини за справување со непријатностите во стомакот. Еве што откривме на темата како да го одржите здравјето на стомакот за време на патување.
