Често сте под стрес? Пушите? На диета сте? – Во овие ситуации може да настане недостаток на витамини и минерали кои се од голема важност за нормално здравје. Затоа, истите е потребно да се земаат во вид на додатоци во исхраната.

Кога завладеа пандемијата со корона вирусот, секој од нас започна да се прашува како да го зајакне имунитетот, да спречи инфекција и да се бори против вирусот. И тоа е многу нормално, затоа што секој од нас има должност кон себе да се грижи за организмот, за потоа добро да го служи и да се спречи појава и ширење на болестите. Останете до крај со нас и прочитајте кои практични совети и исхрана ви ги предлагаме за посилен имунитет!
Додатоците во исхраната се концентриран извор на хранливи компоненти со прехранбени или физиолошки својства, сами или во комбинација. Целта им е да ја надополнат исхраната со нутриенти кои човекот не ги добива доволно преку исхраната. На тој начин се зголемува отпорноста на организмот на стресни состојби и се одржува правилна функција на телото. Овие додатоци се потребни бидејќи често настанува недостаток на некој нутриент, па така не е исклучена можноста и за појава не недостаток на витамин Д.
За една личност да биде во топ форма, здрава, силна, весела, енергична и максимално продуктивна, мора да води грижа за својот дух и тело. Нашето тело е како храм, ако добро го негуваме, добро ќе ни врати. Соодветно на тоа, доброто здравје е знак на нега која се постигнува со секојдневна грижа, посветеност и свесност за себе. За здрав и отпорен организам, неопходно е нашето тело да има силен имунитет!
Ревматоидниот артрит е хронична прогресивна воспалителна болест која ги зафаќа најчесто носечките зглобови (рацете и нозете). Предизвикува болка, здрвување, отекување и ограничување на движењето и функцијата на зглобовите. Типично болеста се појавува меѓу триесеттата и шеесетта година од животот, а жените почесто заболуваат од мажите. Имајќи во предвид дека голем број на лица страдаат од ревматоиден артрит, поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска на оваа тема.
Вештачките засладувачи се создадени со цел да ги задоволат потребите за шеќер. Тие не содржат калории и не ги покачуваат триглицеридите и инсулинот во крвта. Засладувачи од овој тип се: ацесулфам калиум, мононатриум глутамат, сукралоза, аспартам и натриум бензоат. Но, за жал овие супстанции кога се консумирани од страна на човекот, се метаболизираат во токсични соединенија кои предизвикуваат метаболичка дисфункција, различни заболувања, па дури и рак.