Намирници за превенција и борба против рак на дојка

Денес постојат различни кампањи за намалување на бројот на заболени од рак на дојка и подигнување на свеста кај жените, и тоа е со право. Ракот на дојката е најчесто малигно заболување кај жените, а има и случаи на појава кај мажите. Раното дијагностицирање е клучно, затоа што се смета дека во почетната фаза може да се излекуваат до 95% од заболените. Октомври е месецот за подигнување на свеста против ракот на дојка, па посветивме време и внимание на темата.

Храна која се бори против канцер на дојка 1

Храна која се бори против канцер на дојка

Животниот стил како и изборот на намирници, начинот на нивна подготовка и долгорочното однесување кон храната, имаат големо влијание врз појавата на канцерогени заболувања, особено ако се исклучи генетската предиспозиција. Ова е од пресудна важност и треба да се знае, за да може навреме да се превенира или пак излекува карциномот, секако доколку се открие навреме. Во продолжение ви претставуваме неколку намирници кои помагаат во борбата против канцер на дојка, но исто така се корисни и за превенција на ова заболување во целиот организам.

Со почеста консумација на лосос до превенција од рак на дојка 1

Со почеста консумација на лосос до превенција од рак на дојка

Оваа риба содржи витамин Д, Б3, Б12, омега 3 масни киселини, цинк, магнезиум, фосфор, железо, а ваквиот нејзин состав  ѝ обезбедува место помеѓу најздравите намирници во светот. А, одлично е што, покрај бројните придобивки за општото здравје, фантастичниот лосос делува превентивно против ракот на дојка!