Долг е списокот на задоволни клиенти, односно над 500-тини соработки ја прават нутриционистката Маја Велковска една од најпознатите во Македонија. Својата експертиза успешно ја нуди скоро 5 години, а веќе неколку години стои и позади инстаграм профилот и веб сајтот – The Healthier You, на кој посветено работи со цел едукација на јавноста за врската помеѓу исхраната и здравјето. Долгогодишното пријателство со оваа позната нутриционистка, ни беше мотивација, заедно со нашите пријатели од компанијата Podravka да се ангажираме и да споделиме грижа и две за вас потполно бесплатни менија – за жени и мажи, кои следат подолу во интервјуто.
