Доматот штити од рак на желудник

На зголемен ризик од оваа болест се изложени пушачите, алкохоличари и лицата со болести на желудникот, како што се хронични атрофичен гастритис и полипи. Рак на желудникот е најчест малиген тумор. Кај мажите е на второто место, веднаш по ракот на белите дробови, а кај жените е на третото место, веднаш по ракот на градите и рак на матката. Најчесто оваа болест влијае на лицата од 40 – 60 години. Причината за рак на желудник не е позната, но се знае дека некои фактори во исхраната може да придонесат за неговиот развој.