Тироидната жлезда е најголемата ендокрина жлезда во човековиот организам. Овој ендокрин орган со форма на пеперутка е одговорен за регулирање на метаболните процеси во телото и клеточната респирација. Зголемената функција на тироидната жлезда, проследена со прекумерно лачење на тироидни хормони е познато како хипертироидизам, додека намаленото лачење на тироидни хормони се нарекува хипотироидизам. Одредени хранливи состојки имаат силно влијание врз функцијата на тироидеата и можат да ја намалат способноста на телото за апсорпција на лековите кои ги земате за третман на оваа состојба. За да ви помогнеме, ви откриваме која храна треба да ја избегнувате при хипотироидизам.
