,,Брз лесен појадок за енергичен ден добро ќе дојде за секого, па топло препорачувам да го пробате. Едноставен и совршен за секоја возраст и занимање!” – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.

Хранлив, посен и богат со протеини! Хумусот е традиционално јадење од Блискиот Исток, во кое главна состојка е наутот, а најчесто се служи во вид на традиционално припремени фалафел ќофтиња. Има специфичен, богат вкус, мазна текстура и е еден од најздравите намази. Се приготвува многу брзо, а може да се складира во фрижидер со денови, па кога и да сакате здраво мезе или лесен оброк, ќе ви биде на дофат. Тостирате лепчиња, сечкате домати и заедно со веќе готовиот домашен хумус, добивате брз и здрав оброк.
Салатите, печените зеленчуци и варените компири се одлично решение доколку сакате да се храните здраво и диетално. Може да ги конзумирате во секое годишно време, како додаток во менито или пак како главен оброк. Тие се здрави и полни со нутриенти, а се многу повкусни кога се сервирани со прелив за салати, затоа што преливот го збогатува нивниот вкус.
Популарниот леб со банани и чоколадо – колач започна да се приготвува и кај нас. На Инстаграм може да се најдат повеќе креативни профили на млади девојки и момци кои се трудат светските трендови во готвењето да ги донесат и кај нас. Затоа, одлучивме да ги вклучиме најдобрите македонски фуд блогери од Инстаграм и да ги презентираме вкусните рецепти кои ги приготвуваат.
„Моето мото е вкусно, брзо и хранливо, што посебно се совпаѓа со моето прво лето како мајка. Веќе неколку години е познато дека сум страсен обожавател на чиа пудинг. Се прави исклучително брзо, а ми ги задоволува потребите за хранлив и полн оброк кој е важен за време на доење. Посебно го обожавам мојот рецепт со јогурт кој за мене стана препознатлив, а сега ви откривам нова комбинација за убаво енергично утро!“ – вели Катерина од нашиот тим за весникот Убавина и Здравје, каде беше објавен рецептот за чиа пудинг со спирулина и авокадо.
Сите ние знаеме колку е цвеклото здрава и благородна намирница, но за жал малку е застапена на нашите трпези. Многу луѓе не го обожаваат неговиот специфичен вкус и целосно го исклучуваат од исхраната, а со тоа си ги ускратуваат сите благодети кои ни ги нуди. Но, новите зачини на Витаминка се тука да направат кулинарска магија и да ве мотивираат почесто да консумирате цвекло. Посетете го најблискиот маркет и набавете морска сол, црн бибер, ароматично оригано и Брилијант омега 3, а потоа препуштете се на кулинарската авантура. Направете крцкав чипс од цвекло и уживајте во есенските денови!
Истражувањето на патеките до поздрав и подолг живот е наша пасија! Овој пат, мотивирани од летните денови и неизмерното уживање во нив, посветивме време да дознаеме како влијае освежителната минерална вода врз функциите на организмот. Дали некогаш сте помислиле дека минералната вода има изненадувачки корисни и значајни здравствени придобивки?
Ние ги обожаваме домашните здрави намази! Лесно се прават, хранливи се и вкусни. Тие се идеални за здрав почеток на денот. Во комбинација со парче тостиран леб може да се добие вистинско гастрономско уживање кое ќе ги задоволи сите ваши сетила. За денес ви подготвивме баш таков рецепт, за домашни брускети со намаз од авокадо.