Топлото време е совршено за нашата оброк салата од салатка, јајце и пченка! Вкусот и е полн со свежина. Најадува и богата е со многу витамини, минерали и протеини. Се прави брзо и лесно, испробана во нашата кујна, топло ја препорачуваме!

Ако често пати се запрашувате како да ја одржите кожата свежа, хидрирана и со здрав сјај, сега може да ви одговориме дека тоа е лесно! Како љубители на домашната и природната нега, ја пробавме зелената глина за надворешна употреба на Виталиа и задоволни од нејзиниот ефект споделуваме повеќе информации за нејзината корист.
Обожавате ли свежа зелена салата? Достапни ни се повеќе зеленуци кои можеме да ги вметнеме во оваа категорија. Особено се добредојдени во летниот период, затоа што освежуваат, а богати се со витамини и минерали. Но, некои од нив имаат повеќе хранливи состојки, па затоа рековме да ја направиме оваа листа. Започнуваме од место број 5, па се до победникот во оваа категорија.
Ако некогаш на пазарите можеше да се сретне само зелена леќа, денес изборот е проширен, па се почесто може да се најде и црвена леќа. Но, повеќето луѓе се уште се скептични и ја избегнуваат црвената леќа. Тоа најверојатно се должи на тоа што многумина не се запознаени со начинот на нејзиното приготвување. Затоа, со цел да ви помогнеме почесто да ја вкучите и црвената леќа во исхраната што почесто и да ги искористете придобивките кои ни ги нуди природата, решивме да ви ги откриеме најважните разлики помеѓу црвената и зелената леќа од кулинарски аспект!
Уште од дамнешни времиња марулата важела за еден од најздравите зеленчуци. Персиските кралеви уште во 6 век п.н.е. редовно имале марула на трпезите, Старите Грци и Римјани ја сметале за храна и лек (за спиење), а древните Кинези верувале дека може да донесе добра среќа, па ја јаделе во посебни прилики.
Фантастичната за лик и превкусната за јадење марула поради нејзиниот здрав хранлив состав често е нарекувана “чиста храна”, а кога станува збор за готвени јадења кои прекрасно изгледаат оваа зелена салата е прва асоцијација за идеално и едноставно декорирање на разните специјалитети во домовите и рестораните насекаде во светот.
„Бидете храбри и отворени за нови вкусни сензации! – Пробајте ја мојата преубава и уникатна салата! Ви гарантирам дека вкусот на оваа зелена салата со калинки и ореви е фантастично свеж и неповторлив. Рецептот доаѓа од директно од мојата кујна, каде прво го дегустиравме и помина низ строгиот „филтер“ на изострени вкусови.“ – со насмевка вели Катерина од нашиот тим.