Постојат голем број на намирници за чистење на организмот на природен начин, па ви припремивме избрана листа. Сите намирници на неа се лесно достапни и препорачуваме да ги јадете почесто. Погледнете кои се тие!

„Подготвено и фотографирано во мојата кујна! – Одличното кај овие мазничиња е што едно од нив е доволна доза за оброк на едно лице и тоа ќе му се допадне на секого! Во оваа прилика поводот беше Василичарската традиција за мазник со паричка, а бидејќи нашето друштво е големо, изработката на мали мазничиња со кисела зелка за секого делуваше како одлична идеја и топло ја препорачувам на сите вас! – вели Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим за нејзините мазничиња.
Добра сарма со месо е традиционален специјалитет за македонското поднебје, а посебно во зимско време. Претставува главно јадење во кое посебно се ужива. Вкусот е киселкаст и полн, да те натера само да сакаш повеќе! А, бидејќи голем број наши пријателки ја прават, но на малку посложен начин, ви го откриваме нашиот „полесен“ рецепт за сарма со незапржено месо и без запршка. За резултатот не треба да се грижите, само следете ги чекорите како што е опишано и гарантирано е дека ќе уживате во богатиот свет на вкусовите!
Пробиотиците се корисни за човечкиот организам поради многу причини. Тие ја подобруваат дигестијата на храната, ја прават кожата чиста и блескава, даваат енергија и го зајакнуваат имунолошкиот систем. И што е најважно, има многу природни намирници кои се богати со пробиотици, покрај нив изобилуваат и со витамини и минерали.
Растителните намирници со виолетова боја не се само атрактивни на изглед, туку се и вистинска ризница на нутритивни и антиоксидантни материи, како што се ресвератролот и антоцијанините. Од нив всушност потекнува и нивната интензивна боја. Па, во продолжение ви припремивме листа со неколку виолетови намирници кои се одлични за здравјето.
Бронхитисот е многу непријатна и прилично сериозна здравствена состојба која настанува после воспаление на бронхијалната туба во градниот кош. Постојат два видови на бронхитис, хроничен и акутен, а денес ви откриваме некои од најефикасните народни лекови против бронхитис воопшто, кои се ефикасни и во двата случаеви.
Некои врсти на зеленчук кои порано беа реткост за нашиов регион, сега се многу актуелни и се повеќе ја заменуваат традиционалната храна. Нема дилема дека брокулата, карфиолот, кељот, прокељот или слаткиот компир се здрава храна. Меѓутоа, изненадувачки е фактот, колку нашите лесно достапни и здрави зеленчуци често се забораваат, а ги има на пазарите по навистина ниски цени.
Можеби досега не сте направиле лековит напиток од зелка, а сигурно сте слушнале за придобивките од консумацијата од сок од зелка. Повторно ќе кажеме дека овој сок е навистина здрав. А за да го подобриме вкусот и да ги зајакнеме хранливите вредности, направивме супер комбинација. Пробајте го зимскиот лековит сок од зелка, цвекло и целер, кој во голема мера ќе ја збогати вашата исхрана во ладните денови.