Времето на зимници е полн ек. Голем дел од нас го користат изобилството од зеленчук и овошје на пазарите и припремаат различни слатки или солени специјалитети кои траат до следното лето.

Може да се каже дека превкусниот ајвар е омиленото традиционално јадење и белег на есента кој најголем број луѓе го обожаваат, а посебно кога е топол и пресно подготвен. Колку само добро мириса! Тој е познат како идеален придружник на ладните зими и храна која нема соодветна замена, а во комбинација со сирење се создава незаменливо и уникатно задоволство кое предизвикува вкусни сензации во устата!
Ништо поубаво од домашниот пинџур. И благодариме на Весна која го сподели овој рецепт со нас, за кој таа вели: „ Нашиот пинџур е познат, има многу варијанти, оваа е мојата, многу едноставна. Овој рецепт ми е од старинските, со мала измена, а има можност за замрзнување, и е одличен и потоа, ист како пресниот. Ако имате надвор во двор каде да печете, блазе си ви, ако не, овој рецепт е наменет и погоден токму за дома.“
Дали знаевте дека зелените бабури се незрели црвени пиперки кои имаат горчлив вкус и содржат само половина од витаминот Ц кој го имаат црвените пиперки? Црвените пиперки покрај другото, помагаат во подобрување на квалитетот на сперматозоидите, содржат витамин Ц и А, го поддржуваат производството на колаген и уште многу повеќе од тоа.
Малиџано е вкусен специјалитет кој ние обожаваме да го јадеме во текот на зимата, а знаеме дека рецептот варира зависно од навиките во различните краеви на нашата земја. Секој има свој начин на подготовка, а ние ви го предлагаме нашиот испробан рецепт за малиџано, кое го правиме од црвени пиперки и неколку други состојки кои можете да ги прочитате во рецептот подолу.
„Еден од џемовите кој традиционално се припрема во нашиот дом е џемот од црни сливи. А овој пат решив да пробам да го направам во поздрава варијанта и наместо шеќер, ставив мед. Вкусот на овој џем од црни сливи и мед е многу подобар во споредба со џемот направен со шеќер, па ви предлагам и вие да го пробате овој рецепт.
Винобранот кој што често наоѓа примена во есенскиот период при подготвување на зимница и е во форма на бел кристален прашок, е хемиско соединение познато како калиум метилбисуфлит K2S2O5. Неговата примена е главно како антиоксиданс или хемиски стерилизатор. Се користи и како додаток во производство на храна, чија ознака е Е224. Употребата на винобран е ограничена затоа што може да предизвика алергиски реакции кај осетливи лица.
Да ја искористиме сезоната на грозјето и да ги направиме најубавите рецепти. Во период кога имаме изобилство од грозје, нашата пријателка од блогот Kuhinjica Mignone ни предлага да направиме домашен компот од грозје, кој е 100% природен и не содржи конзерванси, а сигурно ќе ве освежи вас и вашите најмлади членови во семејството.
Маринара сос е популарен италијански сос кој се прави од домати, кромид и зачини. Понекогаш во сосот може да се додадат чили пиперки, босилек и оригано. Овој сос е познат по тоа што е лесен за припрема, а е одлична основа за многу јадења. Може да се употребува како сос за крекери или сирења, за тестенини, пици, но исто така и за печено месо.