Од кујната на Марија – Запечена тава со пилешко, компири и златна мешавина

„Ова е еден од моите омилени рецепти! Превкусна комбинација на пилешко, компири, златна мешавина и кари зачин. Често го правам штом ми се најават гости на ручек или вечера, а верувајте дека сите го обожаваат! Ја поканив Катерина на дегустација и заедно снимивме кратко видео од подготовката на оваа запечена тава со пилешко. Таа го оцени рецептот со чиста 10-ка, па зошто да не го испробате рецептот што побрзо? Оваа интересна комбинација ја пробав во ресторан на туристичко место и многу ми се допадна. Едноставни состојки, а толку многу вкусно! Направив своја верзија на рецептот, кој стана традиционален и омилен. – вели Марија, фудблогер и уредник на нашиот сајт. 

Брза посна салата за слави 1

Брза посна салата за слави

„Кога ќе дојде време за припрема на слава, секој од нас сака да ги почести своите гости со најубави и највкусни мезиња и јадења. А, мора да спомнам дека скоро сите ние, секоја година ги повторуваме неколкуте испробани рецепти кои ги знаеме, а желбата да се припреми и послужи нешто ново вкусно е секогаш тука. Па, ви препорачувам да ја пробате оваа испробана и брза посна салата, која со години ја приготвуваме во фамилијата и гостите баш ја обожаваат, а често си ја приготвувам и како оброк за дома!“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска фудблогер и уредник од нашиот тим.