Заштитата на кожата од сончевите зраци започнува од чинијата! Koзметичките препарати, би штителе многу подобро, ако ја заштитиме кожата од внатре, односно ако се погрижиме да имаме правилна и балансирана исхрана. Како да знаеме што да направиме? Што значи ова? – Правилната исхрана ја штити нашата кожа од слободните радикали кои што ги уништуваат колагенот и еластинот – најважните компоненти на здрава кожа. Покрај бројните кремови и лосиони со UV фактор, ви предлагаме почесто да консумирате и некои намирници кои ефикасно ја штитат кожата од сончевите зраци.
