здравствени проблеми 1

Д-р Нела Деспотовска советува: 3 здравствени проблеми на кои секоја жена треба да внимава

Голем процент од женската популација во светот страда од разни болести. Она што секоја жена треба да го знае за своето здравје е дека треба да го негува. На темата женско здравје повторно поразговаравме со Д-р Нела Деспотовска која овој пат ни посочи 3 здравствени проблеми на кои жената треба да обрне внимание.

Инозитолот е природна помош при синдром на полицистични јајници

Синдромот на полицистични јајници претставува чест проблем кај женската популација. Точната причина за појава на овој синдром сѐ уште не е позната, но генетскиот фактор има големо влијание. Промената на животниот стил, намалувањето на телесната тежина, редовната физичка активност, земањето на суплементи кои содржат инозитол и лекови препорачани од доктор, може да помогнат за намалување на симптомите и полесно забременување.