Летото е совршено за брзи и здрави рецепти! А овој период никој нема да може да одолее на интегралните брускети со печен зеленчук. Крцкави, со сос од павлака и печени тиквички, модар патлиџан и домати.

Полека, но сигурно дигестивните бисквити се почесто може да се најдат на рафтовите низ маркетите. А, дали досега сте пробале дигестивни бисквити? Дали знаете по што се разликуваат во споредба со класичните бисквити? Време е да дадеме одговор на вашите прашања и да ве запознаеме подетално со придобивките од консумацијата на дигестивни бисквити.
Пред неколку години, штом купувавте тестенини сигурно се двоумевте меѓу нивната форма и големина. Но, сега имаме повеќе можности. Без разлика дали станува збор за шпагети, макарони или резанци, прашањето кое си го поставуваме сите е, дали да купиме интегрални или тестенини од бело брашно. Се запрашувате ли и вие, дали изборот на интегрални тестенини, навистина е подобар за здравјето на долг рок?
Ако долго време нѐ следите ќе знаете дека сме големи обожаватели на едноставните и лесни рецепти. И не самo ние! Нашите автори се големи креативци во кујната, па од неколку состојки знаат да направат супер вкусни рецепти. Така и овој пат, нашата драга Катерина со само 6 состојки направи медени интегрални срца.
Нема поубав начин да се започне денот од појадок со вкусни мафини! Многумина ги избегнуваат слатките десерти, плашејќи се дека содржат многу калории, но ние имаме добра вест за сите! Креиравме рецепт за нискокалорични мафини без шеќер приготвени со интегрално брашно. Ги пробавме, одлични се, за дома и за да ги понесете за секаде.
„Голем број од нас обожаваат да го започнат денот со варен ѓеврек и чаша јогурт, а секако најлесно е да ги набавиме од маалската продавница во соседството или најблиската пекара до нашето работно место. Ви припремив рецепт кој ќе ви овозможи избор на потврден квалитет за она што го јадете, па ви предлагам да ги пробате и вие моите интегрални домашни ѓевречиња.“ – вели Катерина од нашиот тим.