чоколадна овесна каша мала

Здрава чоколадна овесна каша – од кујната на Марија Кочовска

Ако сакаш слатко и здраво да го започниш денот, испробај го овој рецепт за чоколадна овесна каша. Се прави за 10-тина минути, има фантастичен вкус, а најдобро од сѐ е тоа што е богата со хранливи состојки, раститителни влакна, минерали и витамини. 

смути со праски и банана

Смути со праски и банана – од кујната на Марија Кочовска

Започни го денот со чаша здравје! Направи си вкусно смути со праски и банана. Сезоната на праските е во полн ек, па ги искористив за да направам хранливо смути – богато со растителни влакна и протеини. Дава ситост, енергија и е одлично за почеток на денот. Може да се направи со млеко или растиелно млеко по избор, а како и да го направиш, вкусот е фантастично добар.

Од кујната на Катерина Ш. Спасеновска: Милкшејк од банана и јагоди за 5 минути

Природно, домашно и превкусно! Совршенство во чаша само за 5 минути! Ако си за неодоливо вкусен милкшејк од банана и јагоди ти препорачувам да пробаш во првата прилика! Ти нудам избор да го прочиташ рецептот или да го погледнеш на видеото тука!- вели Катерина Шамбевска Спасеновска  уредник и фудблогер од нашиот тим. 

Има ли поврзаност на алергиите и имуниот систем? Што може да се направи?

Речиси не постои човек кој во животот не се соочил со алергија. Што се алергиите, зошто се појавуваат, каква е поврзаноста со здравјето на дигестивниот систем, кои додатоци во исхраната може да помогнат? – Одговорите ви ги открива Д-р Нела Деспотовска во нашиот разговор. 

совети за полесно слабеење 1

6 едноставни совети за полесно слабеење

Ве плаши вишокот на телесна маса? – Веќе не мора да се грижите. Едноставно намалете ги килограмите. Само следете ги овие совети за полесно слабеење и резултатите се загарантирани! Бидете здрави и среќни, а пред сѐ истрајни, затоа што, метафорички кажано, војната со килограмите не се добива со само една битка!

Инулин за подобро варење и баланс на микрофлората во цревата

Вклучете инулин за подобро варење и баланс на микрофлората во цревата! Знаете ли за користа од него? – Како што се движи низ дигестивниот систем, инулинот ги храни добрите бактерии во цревата и го чисти телото од штетни честички, го апсорбира холестеролот и прави да се чувствуваме сити. Препорачуваме да го прочитате целиот текст до крај, а исто така и дополнителните линкови со литература за целосно да ја разберете неговата улога и важност.

храна со диетални влакна 1

Инулин за подобра дигестија и намалување на апетитот

Познато е дека храната богата со растителни влакна помага за регулирање на телесната маса, како и за здрав дигестивен систем. Но, дали знаете дека постои растително влакно – инулин за подобра дигестија и намалување на апетитот? Имате проблем со варењето на храната или пак сакате да ја намалите телесната маса? – Прочитајте го текстот кој го подготвивме за придобивките од инулинот.

попусти во Тримекс

Супер акции во Тримекс! Попусти до 50%!

Нашите пријатели Тримекс имаат супер попусти на омилените суплементи и акции кои не смее да ги пропуштите! Брусница, Д-Маноза, Инулин, Супер Омега… Време е за обновување на домашната мини аптека со најдобрите додатоци во исхраната. 

Немечек протокол

Немечек протокол – природна помош при аутизам, депресија, анксиозност…

Во светски рамки, а и на Балканот примената на Немечек протокол постепено добива на популарност, благодарение на успешните резултати кај многу деца и возрасни. Интересно е тоа што овој протокол се состои од употреба на природни намирници во исхраната како што е маслиново масло, рибино масло (Омега-3) и растителни влакна (Инулин). Се препорачува за подобрување на состојбата при аутизам, депресија, анксиозност, хашимото (нарушена работа на тироидната жлезда), деца и возрасни со пречки во развојот…

Како растителните влакна може да го намалат ризикот од карцином?

Како растителните влакна може да го намалат ризикот од карцином?

Растителните влакна се многу важни и во исхраната треба да се внесуваат што е можно повеќе, преку избор на здрави и разновидни намирници. Докажано го намалуваат количеството на гликоза во крвта, го штитат организмот од дијабетес, срцеви заболувања и го снижуваат лошиот холестерол. Но, нивната најголема важност е во тоа што тие се заслужни за правилната дигестија на цревата, го намалуваат внесот на калориите и помагаат во одржување на нормална телесна тежина, што е од клучно значење во намалување на ризикот од рак на цревата.

Што е инулин и зошто е добар за здравјето?

Ако сте имале можност да купите некој млечен производ, пример јогурт и сте прочитале на етикетата „со инулин“, дали некогаш сте се запрашале за што всушност станува збор? Што е инулин? Време е да ве запознаеме подобро со придобивките од консумацијата на инулин. Спречува појава на запек, го олеснува варењето на храната, ја подобрува апсопцијата на калциум, го поттикнува растот и развојот на корисните бактерии во цревата…