Василичарскиот мазник со паричка е наизбежен традиционален обичај во нашиот крај. Без разлика дали ќе бидете со друштво или во склоп на семејството, главниот оброк е Василичарскиот мазник со паричка, кој се дели на онолку делови колку што има луѓе на трпезата. Се верува дека на тој што ќе му се падни паричката ќе го следи среќа во текот на целата година. Па, во пресрет на овој празник ви споделуваме 3 проверени и испробани рецепти за Василичарски мазник од Катерина Шамбевска Спасеновска, уредник и фуд блогер од нашиот тим.
