Што има поубаво од мирисот на пресно печен леб?! – Со векови се негува традицијата на подготовка во разните нации, а во оваа прилика, благодарение на Невена имаме испробан рецепт за домашен леб на италијански начин!

За превкусниот чиабата леб карактеристични се големи шуплини кои му даваат препознатливост од останатите лебови. Кога ќе го пресечете ќе ве пречека една интересна тексура со шуплини, па одличен е за макање, како и за мачкање. Често е употребуван во разни сендвичи и во разновидни слатки и солени комбинации на храна.
Маринара сос е популарен италијански сос кој се прави од домати, кромид и зачини. Понекогаш во сосот може да се додадат чили пиперки, босилек и оригано. Овој сос е познат по тоа што е лесен за припрема, а е одлична основа за многу јадења. Може да се употребува како сос за крекери или сирења, за тестенини, пици, но исто така и за печено месо.