Околу 10% од луѓето во текот на животот се соочиле со појава на камен во бубрезите. Генетскиот фактор, неправилната исхрана, недоволниот внес на течности се дел од можните причини кои доведуваат до создавање на песок и камчиња во бубрезите. Кај некои луѓе каменот во бубрезите може да настане и до 20-тата година. Еднаш настанатиот камен го зголемува ризикот од појава на нов за најмалку 50%. За превенција на појавата на камен во бубрег многу е важно да знаеме која храна го зголемува ризикот, а која храна се препорачува почесто да се внесува.
