импресивни придобивки од лизинот

L-Lysine против стрес, херпес, брчки, лузни и остеопороза

Прочитајте го нашето истражување за 4-те импресивни придобивки од лизинот! Лизинот е есенцијална аминокиселина која има бројни придобивки за здравјето. Научните истражувања потврдиле дека L-Lysine помага против вирусите Herpes Simplex и Herpes Zoster. Го намалува стресот, ја помага синтезата на колаген и на тој начин ги намалува брчките и стриите, помага во заздравувањето на раните, а ја подобрува и апсорпцијата на калциумот со што помага во намалување на ризикот од остеопороза. 

ефекти од вкусната диња 1

5 oдлични ефекти од вкусната диња за организмот!

Вкусната диња поседува огромна количина на витамин А кој е неопходен за добар вид и тен, како и витамин Ц. Заедно, овие два моќни антиоксиданси го штитат телото од кардиоваскуларни болести и стареење.

витамин Д-3

Сончевиот витамин Д-3 е значаен за коските и забите

Витаминот Д-3 е витамин растворлив во масти. Се разликува од останатите витамини, по тоа што е единствениот кој телото може да го произведе. Неговата синтеза започнува во кожата, каде под влијание на сончевата светлина 7-дехидрохолестерол преминува во провитамин Д-3, којшто понатаму се претвора во витамин Д3 (холекалциферол). Има повеќе улоги во организмот, а најпознат е како сончев витамин кој е од особено значење на коските и забите.

бели дамки на ноктите

4 причини за појава на бели дамки на ноктите

Украс на убавите раце се негувани и здрави нокти, кои се одраз на здраво тело. Но, загрижени сте за белите дамки на ноктите? Знаете ли кои се причините за појава на бели дамки на ноктите и што може да направите за да си помогнете? Прочитајте во текстот кој следува.

Д-р Нела советува: Симптоми при недостаток на калциум и растителни извори

Калциумот е минерал во човековиот организам одговорен за многу процеси кои го одржуваат здравјето на организмот. Негова примарна улога е градење и одржување на скелетот и забите. Придонесува за здравјето на нервниот систем и мускулите и за апсорпција на железото и витаминот Б12. Имајќи ја во предвид важноста на калцимот, поразговаравме со Д-р Нела на оваа тема. Таа ни открива кои се симптомите при недостаток на калциум и која храна од растително потекло е богата со овој минерал. 

Д-р Нела советува: што е остеопороза и како да се заштитите?

Во светски рамки остеопорозата зазема се поголем замав. Доколку не се дијагностицира на време и не се започне со третман на пациентот, таа може сериозно да го наруши квалитетот на живот и при најмал пад да доведе до скршеници кои предизвикуваат инвалидитет. Од оваа болест почесто страдаат повозрасните жени, но исто така се јавува и кај мажите. Истражувањата покажуваат дека 1 од 5 жени, над 50-годишна возраст имаат остеопороза. Токму на оваа тема поразговаравме со Д-р Нела.

извори на калциум од растително потекло

Топ 17 извори на калциум од растително потекло

Многу луѓе го избегнуваат млекото затоа што содржи заситени масти, холестерол или затоа што не се чувствуваат добро по консумацијата на млечни производи (интолеранција на лактоза). Но, за среќа постојат добри извори на калциум од растително потекло. 

причини зошто да консумирате јогурт секој ден 1

Има многу причини зошто да консумирате јогурт секој ден

Баш така, има многу причини зошто да консумирате јогурт секој ден! Тој е исклучително богата намирница со витамини и минерали, а покрај тоа содржи здрави, активни бактерии кои се добри за организмот.

растителни извори на калциум

9 најдобри извори на калциум за силни коски и цврсти заби

Калциумот е неопходен минерал за  силни коски и цврсти заби, помага во изградбата на мускулната маса и е сојузник на работата на мозокот. И спротивно од мислењето на многумина, не се наоѓа само во млечните производи, калциум има и во многу други намирници! Дознајте кои се најдобрите извори на калциум.

4 корисни употреби на лушпи од јајца

Дали и вие откако ќе ги искористите, веднаш ја фрлате скршените лушпи од јајца? Лушпата е одличен извор на калциум, а исто така и други минерали и како таква можете да ја искористите на многу начини, а во продолжение може да прочитате кои се тие.

Исхрана при болки во грбот и половината

Болката во грбот или половината е најчеста болка на современиот човек. Таа е последица на лоша положба при спиење, седење, стоење или при нагло движење и подигање товар. Се манифестира како ненадејна, остра, до тапа и константна болка.

Смокви – супер храна во секој облик

Смоквите се супер храна во секој облик, а нивната енергетска и хранителна вредност е многу голема. Свежите смокви имаат само 80 калории во 100 грама, сувите смокви имаат 276 калории во 100 грама и се полни со хранливи материи потребни за добро здравје на секој човек.

Козјо млеко за подобро здравје

Козјото млеко во исхраната на човекот се користело многу одамна, а Старите Грци и Римјани пиеле козјо млеко затоа што верувале дека е многу здраво. Може да се каже дека козјото млеко е исклучително здраво, затоа што по својот состав е неверојатно слично со мајчиното млеко.