L-Carnosine за долговечна младост и добро здравје

Научните истражувања покажаа дека L-Carnosine има неверојатна способност да ги подмлади клетките, да ги одржи нивните карактеристики и да им го продолжи животот. Затоа, во последните години зголемен е интересот за својствата на L-Carnosine, кој се смета за супстанца на долговечноста и се препорачува за сите возрасти, посебно за луѓе над 40 години. Со стареењето нивото на L-Carnosine во организмот се намалува, а како резултат на тоа се намалуваат когнитивните функции, подвижноста и метаболитичката контрола кај повозрасната популација. Освен тоа, се намалува функцијата на кардиоваскуларниот систем, а се зголемува ризикот од канцерогени заболувања. Токму тоа нè инспирира да истражуваме и да дознаеме повеќе за него.

Сок од цвекло за заштита од рак 1

Сок од цвекло за заштита од рак

Кога станува збор за сок од цвекло, топло би препорачале да си го правите дома од свежо, неварено цвекло. Така ќе знаете дека е сокот е свеж и содржи што повеќе корисни хранливи материи. Покрај останатите корисни хранливи нутриенти, цвеклото е богато со антоцијани – антиоксиданси и природни пигменти кои му ја даваат бојата и во голема мера се заслужни за превенција од кардиоваскуларни заболувања и тумори.

vino za pozdravo srce

Чоколадо и вино за поздраво срце

Кардиоваскуларните заболувања и понатаму остануваат на врвот на листата на болести со најголема смртност, а во последниот период загрижува фактот што сѐ помали и помлади пациенти спаѓаат во групата на загрозени лица. Правилниот избор на храна, пред сѐ медитеранската исхрана, црното чоколадо и црвеното вино се важни за здравјето на срцето. 

5 намирници кои се природни лекови против атеросклероза

Атеросклерозата уште се нарекува артериосклероза, а е состојба која вклучува стеснување на крвните садови. Обично се јавува кога лицето во подолг период практикува нездрава исхрана, а во оваа прилика ве информираме кои 5 намирници се природни лекови против атеросклероза.