Вкусна и брза погача што секој може да ја направи! Нашите пријатели од Алфа Плам повторно ни откриваат стар и традиционален рецепт од нивниот крај. Специфично за оваа тепана погача е тоа што се прави на многу едноставен начин и тоа без квасец. Според нивната традиција погачата се служи со пифтија за православниот празник Богојавление – Водици.
