Кога станува збор за солените задовоства, топло ви препорачуваме да го пробате солениот колач со сирење. Неговата подготовка е многу лесна и брза, а има одличен вкус во кој ќе ужива целото семејство.

Летен и освежителен колач со праски за сите генерации! Во кујната на нашата пријателка Лана е креиран овој десерт, кој сигурни сме дека ќе ви се допадне. Станува збор за сочен колач направен со праски, мелени бадеми, кокос и портокал кој му даваат летен, тропски вкус. А за задоволството да биде поголемо, печениот колач се прелива со приготвен сируп од портокал.
Сигурно и вие при подготвување на десерти имате по некоја грешка во кујната, но тоа не треба да ве спречува повторно да се обидете да експериментирате со нови рецепти. И покрај секојдневната практика, и на најискусните слаткари им се случило да погрешат во подготовката на пандишпанот, па тортата која ја направиле да не изгледа совршено како што посакувале. Прочитајте одговори на вашите прашања.
Сте правеле колачи и ви останале многу неискористени белки? Немојте да ги фрлате затоа што ние имаме идеја како да ги искористите. Сигурно знаете дека белките содржат многу протеини, но дали знаете дека тие содржат антибактериски ензими и имаат антимикробни својства? Еве неколку корисни начини за да ги искористите преостанатите белки.