Физиолошки, секојдневно од косата паѓаат 50-80 влакна кои се заменуваат со нови. Најчесто во есен опаѓањето на косата е поинтензивно, но косопадот може да е поттикнат и од некои здравствени проблеми и состојби. Ако опаѓањето на косата е подолготрајно и обемно, консултирајте со вашиот матичен доктор или посетете дерматолог, за да добиете соодветна терапија. Покрај тоа, можете да го промените и начинот на исхрана, па така да го спречите или пак намалите опаѓањето на косата.
