Празниците ни се пред прагот, а секој од нас размислува што да има на трпезата. Кифлички, колачиња, куглоф, торта, козињак… трпезата ќе биде богата, а радоста голема. Споделуваме 3 велигденски рецепти кои ќе ја разубават секоја трпеза.
Брзи памук кифлички и велигденски зајачиња – од кујната на Катерина Ш. Спасеновска
Рецепт без грешка! Ако сакате непогрешливо добар рецепт за кифлички, кој и еден почетник може да го погоди совршено, мора да ги пробате моите брзи памук кифлички! Идеално вкусни, лесни за подготовка и баш брзи! А, сега и во празнична варијанта на видеото подолу ви споделувам и како лесно да направите Велигденски зајачиња и да ги израдувате најмилите! – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.
Брзи кифлички со јогурт и павлака
Посни кифлички без масло
Меки лиснати кифлички со јогурт
8 рецепти за посни кифлички, пирошки и пици со печурки
Посните јадења и печива често се приготвуваат, па секогаш се добредојдени нови предлози за рецепти. А нам најомилени ни се посните кифлички кои се приготвени со фил. Филот може да се направи на различни начини, со печурки, спанаќ, маслинки, кисели краставички… Сепак, важно е да се погоди рецептот за да немате грижи дали јадењето ќе испадне добро или не. За да ви го олесниме изборот, направивме листа на нашите најдобри 8 рецепти за посни кифлички, пирошки и пици со печурки. Печурките ги обожаваме, па еве кои се нашите предлог рецепти.