Карактеристичната златно-кафеава боја повикува да каснеш уште едно парче, нели? А, кои се тајните на совршениот велигденски козињак? – Разговаравме со повеќе искусни домаќинки, па еве некои совети и препораки за подготовка на најдобар велигденски козињак!
Велигденска радост! Вчерашниот ден го посветив на козињаците, па се препуштив на креативноста и направив 3 различни форми и вкусови. Традиционален козињак, но печен во калап за куглоф, за во средина да може да се стават јајца. Милиброд со мојот препознатлив крем фил од афионово семе, а годинава го подобрив. Него го знаете веќе неколку години наназад и кој 100% ви препорачувам да го пробате, а третиот е чоколаден козињак. На син ми му се брзаше да проба, па ги раскршив уште топли од рерна и ви сликав најбрзо што можев. – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска, фуд блогер и уредник на sezahrana.mk.
Велигденската слатка магија е насекаде околу нас! На детската радост ѝ нема крај со најдобрите и испробани велигденски десерти од кујната на Сѐ за храна. Празниците разубавете ги и направете слатко катче со брзи и едноставни рецепти.
Велигденските празници се одличен повод да направиме вкусен козињак со чоколаден Луна крем и да се засладиме. Богатиот вкус на чоколадо во комбинација со рум и ванила ќе ги задоволи и најпребирливите дегустатори. Покрај тоа, неговиот декоративен изглед го прави неодолив украс на секоја празнична трпеза.
Кога нешто се подготвува со љубов, прекрасните резултати се неизбежни! Скоро во секој дом предвелигденски се припрема вкусен домашен козињак и милиброд, па со голем мерак припремив одличен додаток за празничната трпеза! Беше толку убаво погоден и веднаш се изеде, па направив нова доза. Топло препорачувам да го пробате и вие, вкусот ќе му годи на целото семејство! – вели Катерина од нашиот тим.
Време е за прекрасни и вкусни идеи! А кога станува збор за месено и слатко, може да замислите колку е вкусно, нели?! Го обожаваме овој рецепт и секоја година го подготвуваме традиционално. Ја правиме затоа што домашните ја обожаваат, а бидејќи прва асоцијација многу често е крем, во оваа прилика сакавме да го доловиме вкусот кој потсетува на домашен козињак и направивме Велигденска плетенка со мармалад!
Секое поднебје различно ги нарекува, но радоста која ја носат во сите домови е подеднакво голема! Како и секој Велигден и овај да го закитиме со превкусен козињак, милиброд, плетенка… Нека се радуваат домашните, нека се сладат усните!
Велигден е празник на радоста и среќата, но и вистинска можност семејството да се собере на заедничка велигденска трпеза. Поентата на празникот е во заедништвото, топлата атмосфера, блискоста и споделувањето на нештата, сето тоа на свечен празничен велигденски ручек.
Традиционално за велигденската трпеза се приготвува козињак, кој уште се нарекува милиброд, плетенка или сладок леб. А кога истиот е полнет со фил од мармалад или чоколаден крем, ретко кој може да одолее.
Како би можело да го прославиме доаѓањето на Велигден ако не направиме и каснеме традиционален велигденски милиброд? На многу места во нашата земја има различни имиња, па може да слушнете и козињак, плетенка од тесто и слично. Во секој случај, станува збор за неизбежното, совршено вкусно и слатко Велигденско лепче кое мора да се проба.
Традиционално за Велигденските празници во некои краеви на Македонија, се припрема козињак, кој што се нарекува и како милиброд или плетенка. Токму за таа цел, направивме избор на најдобрите испробани рецепти за велигденски козињак, од кои може да си изберете рецепт по ваша желба и да ја збогатите празничната трпеза.
Се подготвува и изгледа многу интересно, а се прави од тесто и прекрасни ароматични овошја. Ретко која домаќинка не посакала да сплете вака симпатична плетенка од тесто, па затоа ви предлагаме да го пробате нашиот рецепт за ароматичен козињак со лимон и суво грозје кои му даваат тропски сензационален вкус!
Козињак, милиброд или плетенка, под кое име и да го наречете, овој вкусен и симпатичен специјалитет од тесто освојува со еден залак. Ви предлагаме да го направите нашиот испробан рецепт за козињак со суво грозје и портокал, па да ги израдувате домашните и пријателките.