Лето, топло време, вкусна храна и вечерни дружби со семејство и пријателите. Што може да биде подобро? – Следната дружба нека биде на тема Street food (улична храна) и највкусниот хот дог со карамелизиран кромид.
Ражничи со колбаси и зеленчук – од кујната на Марија Кочовска
Брз појадок – Бурито со јајца и колбаси
Празнична месна даска за гурмани
Брза есенска тава – гриловани колбаси со зеленчук
Пица со колбаси и сланина
Ова е специјалитет кој лесно се подготвува и не ви се потребни посебни кулинарски вештини! Oд „морето“ рецепти за пица, ви предлагаме нешто поразлично кое веруваме дека ќе ви се допадне и тоа како! Припремете се за сочен вкус и неодоливо мезење пица со колбаси и сланина, вкусна и совршена за сите генерации и сите љубители на вкусни дружби!
Печени колбаси со сланина и кашкавал
Полски сендвичи со колбаси
Тоа што е добро мора да се сподели, нели? Неодамна си направивме мала тимска дружба со дегустација на домашните колбаси од Агриа. Ги послуживме за мезе, а дел ги искористивме за полски сендвичи со колбаси. Превкусни се и можеби едни од најдобрите на пазарот кај нас, па со задоволство ги препорачуваме! Истите може да ги набавите од месарниците на Агриа во Битола, Велес и Штип.
Домашни колбаси со праз
Убаво е кога ги чуваме традиционалните рецепти и ги пренесуваме од генерација на генерација. Како и во минатото, така и сега многу фамилии приготвуваат домашни колбаси. Најчесто се прават со сечкано свинско свежо месо, праз или кромид, а како зачини се користат лута буковска пипер, црвена пипер или црн пипер.
Компир манџа со колбаси
Мирисот на компир манџа со колбаси секогаш нѐ враќа во детсвото. Затоа споделуваме традиционален рецепт за манџа каква што ни подготвуваа нашите мајки. Ако и вас ве фати носталгија за тие убави времиња, кога низ целиот дом се ширеше убав мирис, набавете си квалитетни намирници и оваа зима стоплете се со домашно подготвена манџа богата со здрави зеленчуци.
Лиснати ролнички со колбаси
Вкусно мезе или слатка закуска за целото семејство! Неодоливо привлечни залачиња кои ќе ве мамат да посегнете по уште едно, сѐ додека не се изедат до крај. За овие лиснати ролнички со колбаси навистина вреди да издвоите малку време и да ги подготвите за некој специјален повод, ама и без причина штом ви се пријаде нешто домашно и месено.
Василичарско мезе од колбаси со топен кашкавал
Колбасите се едно од главните обележја на православната нова година или уште позната како Василица, па по тој повод ви припремивме специјален предлог за Василичарско мезе од колбаси. Рецептот е многу лесен и супер едноставен за изведба, а она што вреди е идејата. Одлични за мезење со зимското црвено вино, а може и со пиво, по желба!