Доколку сте во потрга по вкусни и посни визитарски колачи за претстојните празници вие сте на вистинското место. Благодарение на Лана, споделуваме уште еден прекрасен рецепт за корнети со фил од костени кои ќе бидат вистинско слатко освежување на празничната трпеза.
Празничната магија е тука! Во секој дом се китат безброј радости! Расположението кај сите нас расте. Во секој дом декорирањето е семејна радост, која станува заразна и дом по дом, се пренесува кај сите. Обично се започнува од елката, ламбичките, балоните и честитките. Терасите и дворовите светкаат и симболизираат радост, а кај има нешто подрагоцено од времето поминато со фамилијата и саканите пријатели, нели? А, за сето тоа да биде уште подобро, сите ние сакаме и се трудиме да имаме убаво припремена новогодишна трпеза која освојува со вкус и лик. Ви посакуваме само добрини во новата година и ви предлагаме да погледнете какви идеи ви припремивме!
Време е за изненадување и радување! Новогодишните празници наближуваат, а домовите започнуваат да блескаат со магичен сјај. Богати трпези, насмевки и мигови за уживање со најблиските. А кога сме кај трпезата имаме супер предлог за оваа Нова година. Направете новогодишни елки од корнети со чоколаден фил.
Летото е период кога сите сакаме полесни десерти со овошен вкус, кои истовремено и ќе не заблажат, но и освежат. Овој е баш таков! Вкусен, благ и освежителен со совршена арома на лимон. Овој рецепт го најдовме на блогот на нашата пријателка Лана, па не се сомневаме дека е прекрасен како и сите други нејзини рецепти. Сигурни сме дека сите ќе ги обожаваат овие корнети од лиснато тесто, но со поразличен кремаст фил од слатка павлака.
Го имате омилениот сладолед и ви требаат само корнети? Децата обожаваат сладолед, па израдувајте ги и направете им домашни корнети со различни бои и украси.
Подготовката на солени корнети со фил е исклучително интересна и верувајте дека нема да почувствувате ниту замор, ниту терет, туку само задоволство. Прекрасна и креативна активност која многу ќе го изненади целото семејство и гостите!