Во фазата на опоравување после инфекција со корона вирус, важно е да се води здрав животен стил и да се обрнува внимание на сите сигнали кои ги дава телото, а може да бидат алармирачки. Затоа е важно да знаете, какви мерки може да преземете за побрзо опоравување после корона вирус. Еве што издвоивме за вас од нашето истражување.
Oпаѓањето на косата е нормален процес кај секој од нас и ретко кога обрнуваме внимание на истото, затоа што таа брзо се регенерира и не се забележува недостаток од видливо проретчување. Спротивно од нормалното променување, е појавата на зголемено опаѓање на косата, придружено со споро обновување. Постојат различни причини за абнормално губење на влакна од главата. Како почести причини се вбројуваат стресот и прележана болест, а во последно време медицинските лица посочуваат дека може да се случи зголемено опаѓање на косата како последица од корона вирусот.
Кога завладеа пандемијата со корона вирусот, секој од нас започна да се прашува како да го зајакне имунитетот, да спречи инфекција и да се бори против вирусот. И тоа е многу нормално, затоа што секој од нас има должност кон себе да се грижи за организмот, за потоа добро да го служи и да се спречи појава и ширење на болестите. Останете до крај со нас и прочитајте кои практични совети и исхрана ви ги предлагаме за посилен имунитет!
Можеби сте запознаени, а можеби не, но една од најчестите причини на денешно време за појава на кандидата како здравствен проблем, е прекумерната употреба на антибиотици. Во комбинација со паднат имунитет, антибиотиците освен што помагаат за лечење на една состојба, во телото прават реакција од овој тип, која посебно е изразена ако истите не се земаат комбинирано со пробиотици. Имајќи го предвид сето ова и дека денес сите нѐ демнее опасноста од светски распространетиот корона вирус, истражувавме малку пошироко за последиците од него и посветивме внимание на темата кандида како последица од ослабен имунитет. А, за издржаните информации и совети кои ги споделуваме за сите вас, искрено се заблагодаруваме на Д-р Нела Деспотовска, која е нашата силна страна кога станува збор за ваков тип на содржини.
Имате 10 минути слободно време? Продолжете со читање! Знаењето за корона вирусот е од исклучителна важност и може да ви го спаси животот вам и на вашите најблиски. Почитувајте ги препораките од Министерството за здравство и дознајте што велат најновите истражувања за исхраната и суплементите за заштита од корона вируси – КОВИД-19 и грип.
КОВИД-19 е заболување предизвикано од SARS-CoV-2 , вирус од фамилијата корона вирус, првично откриен во Кина во декември 2019 година. Како епицентар на заразата се смета градот Вухан. Вирусот е причинител на акутно вирусно респираторно заболување. Преносот од човек* на човек е можен, преку допир и преку капков пат (кивање, кашлање и слично). Првичните искуства покажуваат дека постарите лица и хронично болните се изложени на поголем ризик од компликации и тешки форми на заболувањето. Периодот на инкубација на вирусот е најмногу 14 дена, во кој заразените лица не покажуваат симптоми, но можат да го пренесат вирусот на други лица.