Коските веќе после 30-тата година полека слабеат и им се намалува густината. Тоа е нормален и природен процес за кој не е потребно да се земаат лекови. Со здравиот начин на живот и добра исхрана, и тоа како може да ги зајакнете коските и да ја зголемите нивната густина, а со самото тоа и да спречите опасни скршеници во подоцнежните години. Препорачуваме да ја прочитате содржинава и да ги споделите со вашите пријатели овие неколку совети кои со нас ги споделува Д-р Нела Деспотовска.
