Пролетта е како створена за детокс третмани. Детоксикацијата му помага на телото да се ослободи од сите штетни материи. Па, ајде да се подготвиме за летото со помош на овој вкусен и здрав детокс сок од краставица и ѓумбир.

Опаѓањето на косата и ќелавоста се јавуваат најчесто кај машката популација, особено после третата деценија од животот. Иако, овој естетски проблем се поврзува со генетската предиспозиција и некои други фактори, постојат неколку превентивни мерки со кои може да се намали и спречи прекумерното опаѓање на косата. Меѓу алтернативните третмани се природните сокови кои може да ви помогнат за намалување на опаѓањето на косата.
Вкусното домашно крем сирење – лабнех е специјалитет од Блискиот Исток, а се добива со цедење на кисело млеко. Има благ вкус и потсетува на крем сирење. Со него може да си направите вкусни топчиња за мезе или корпички од краставица. Како и да го употребите, има декоративен изглед кој ќе ја краси вашата трпеза за разни поводи и прослави. А, може да се послужи и како лесно предјадење, па прочитајте до крај.
Доколку ви се потрошило средството за чистење на лицето од шминката, а не можете да се сетите како да ја отстраните, ви предлагаме да ги разгледате следните неколку идеи. Во улога на козметички помошник, некои намирници од кујната можат да бидат одлични помошници и освен тоа природни отстранувачи на шминка!
Подочници се опуштена и отечена кожа под очите заради кои изгледате уморно и постари од што сте. Главните причини за подочниците се нерамномерна распореденост на течностите во периорбиталното ткиво, што ги предизвикува да отекуваат, хормонската нерамнотежа за време на менструалниот циклус, проблеми со бубрезите, воспаление на синусите и преголема количина на токсини во организмот.