грахам крекери

Грахам крекери со зачини и семиња

„Добрите навики се стекнуваат од мали нозе! Син ми обожава ,,finger food” и грицкање, па ме поттикна да смислам поздрава варијанта на домашни грицки. Излегоа успешни и превкусни, дефинитивно препорачувам да ги пробате. Секој би уживал во супер крцкавите грахам крекери со зачини и семиња!“- порачува Катерина Шамбевска Спасеновска, која е еден од уредниците на нашиот сајт и автор на инстаграм профилот @katerina.shambevska.

посни крекери 1

Посни крекери од семиња без брашно

Во последно време сме во потрага по вкусни, лесни и здрави грицки за долгите филмски вечери. А, и сакаме да експериментираме во кујната. Па, така, пробувајќи разни комбинации од семиња, го добивме рецептот за посни крекери и тоа без употреба на брашно.

Посни Велигденски зајачиња со 5 семиња 1

Добитници од наградниот натпревар „Направи посни Натура крекери, грицкај и освој една од 10-те награди!“

Драги пријатели, изминатите денови имавме супер можност да се дружиме, готвиме и забавуваме со Натура. А нашите вредни читателки, сигурно со нетрпение ги очекуваат резултатите и потајно се надеваат дека ќе се најдат во листата на добитници.

Здрави солени бисквити со спирулина 1

Рецепт за здрави солени бисквити со спирулина

Здравите додатоци и состојките се секогаш силна мотивација за да подготвиме нешто ново и интересно. Така, ако сакате да консумирате повеќе од здравата Hawaiian Spirulina, треба без двоумење да го прочитате овој наш рецепт.

Направи посни Натура крекери, грицкај и освој една од 10-те награди!

Сакаш да уживаш во вкусот на домашните грицки? – Ова е вистинска прилика за тебе! Посни, крцкави и многу вкусни, а да не заборавиме, плус со 5 здрави семиња во својот состав! Па, испрати ги твоите посни натура крекери и добиј залиха за нареден пат! Ние ги пробавме и ги препорачуваме, а Натура е тука за да награди 10 читатели со нова залиха! Не губи време, вклучи се во наградниот натпревар „Направи посни Натура крекери, грицкај и освој една од 10-те награди!“