Како да приготвите совршено кремасто пире?

Пирето е одличен додаток на многу јадења од месо, но може да го послужите и како главен оброк кога сакате да каснете нешто полесно. Подеднакво му се радуваат и децата и возрасните. Но, секако тоа важи само за совршено кремасто пире, а во спротивно, кога тоа е водлесто, лепливо и без вкус може да ни ја намали желбата за храна.