Есента е сезона на тиквите! Во чест на „кралицата на есента“, денес ви споделуваме рецепт за лесна крем чорба од тиква, која што се прави многу брзо и лесно. Ќе ве стопли, ќе ви го зајакне имунитетот и ќе ви го подобри расположението.

Од Млекара Тетово ни пристигна подарок пакетче со Кораб кисела павлака, па Катерина од нашиот тим припреми нешто вкусно и вели: „Омилена на сите генерации! Популарно кажано ,,kid friendly” или совршена и за најмалите дечиња, а воопшто не изостануваат и постарите! Ја нареков крем салата и сос за сите сезони, затоа што точно e до буква! Неизмерно уживаме и во лето и во зима, и ја јадеме навистина често! Вкусот е пријатен и пожелен и за попребирливите, гарантирано ќе ве освои!“.
„Време е за нов летен рецепт кој верувам дека ќе ве освои! Освежителни, крцкави и превкусни брускети со домати, за мезе, лесен појадок или вечера. Инспирација за подготовка на брускетите ми беше новиот балсамико крем од Витаминка, за кој направивме мало истражување и објавивме текст пред неколку денови: Кои се разликите помеѓу балсамико крем и балсамико оцет? Како се употребуваат?
Дали користите балсамико оцет или балсамико крем? Во последните години употребата на балсамико оцетот и кремот сѐ повеќе се зголемува. Достапни се и на нашиот пазар, а и двете имаат широка примена во кујната и може да се употребуваат во разновидни јадења. Често имаат иста боја и текстура. И двете имаат слатко – кисел вкус. Па тогаш, кои се главните разлики? – Ајде да откриеме.
„Идејата да ја направам оваа крем супа за силен имунитет потекна во деновите кога бев трудна и единствено на природен начин се справував и борев против настинките. А подоцна, со сите случувања и појавата на короната, премина во јадење кое многу често е на домашното мени. Вкусот е уживање и потполно ќе ве изненади, неочекувано добар! – Топло ви ја препорачувам. Ако еднаш ја пробате, знам дека ќе си ја меморирате и ќе ми кажете колку ви се допаднал рецептот.“ – започнува Катерина од нашиот тим.
Уште еден фантастичен рецепт од групата Сѐ за храна ни го привлече вниманието. Овие преубави мафини со ванила путер крем се дело на нашата активна членка Ана Наумовска. Направени со голема љубов која може да се види на фотографиите. Ако обожавате ванила и мафини ова е рецепт кој вреди да го пробате во првата прилика.
Светски популарниот чизкејк, станува омилен и кај нас. Ние го обожаваме и често го подготвуваме, бидејќи се прави брзо и лесно. Иако подготовката на чизкејк бара одредена умешност, сепак ќе се снајдат и оние со помало искуство во кујната, со помош на нашиот едноставен и испробан рецепт за чизкејк торта. Следете ги нашите совети и во овие топли пролетни денови засладете се со вкусна чизкејк торта.