Кој е за вкусни печени чоколадни крофни? – Децата ги обожаваат, но и возрасните подеднакво им се радуваат. Совршени за детски родендени и забави. Се јадат во еден здив, па ќе ги снема за час.

Што би рекол нашиот народ „невидено вкусни“! Ако сакате да направите нов и малку поинаков десерт, рецептот за крцкавиве шпански крофни и тоа како ќе ви се најде! Најпознати се под името чурос и наликуваат на интересни стапчиња. Обично се наросуваат со шеќер во прав и цимет, или се јадат со топло чоколадо или прелив. Сигурно ќе уживате, ви гарантираме!
Постојат многу идеи за подготовка на овој неодолив десерт, но ние денес ќе ви претставиме еден интересен рецепт за поздрава варијанта на печени крофни со прелив од чоколадо. Класичните крофни кои се пржат во масло, содржат многу маснотии, па не се најздрави, а често пати пердизвикуваат и проблеми со желудникот. Освен тоа, ретко кој може да се воздржи да не ја премине препорачаната дневна доза на калории кога јаде пржени крофни.
Кој може да одолее на вкусот и мирисот на домашните полнети крофни? Меки, вкусни и неодоливи, крофните се еден од омилените десерти на секој љубител на слатките задоволства. Но, во последно време често пати и се дава предност на печената храна, наспроти пржената, како поздрава варијанта, па затоа се одлучивме да припремиме токму ваков рецепт за печени полнети крофни.
Во пресрет на празниците голем бој наши читатели не замолија да им испратиме рецепти за посни кифлички, пити, лепчиња и погачи. За таа цел ви припремивме специјално наменета содржина во која на едно место можете да најдете различни идеи за посни рецепти и да си одберете што сакате да припремите за вашата прослава.