Вкусна dmBio органска храна: Како си поминавме на настанот на dm во Skopje City Mall

Скопје, сабота, 24.2.2024, Skopje City Mall беше исполнет со возбудени посетители кои искусија ново кулинарско задоволство на големиот настан „Моето кулинарскo патување со dmBio” организиран од dm. Забава, смеа, нови искуства и вкусови беа само дел од впечатоците кои ги понесоа оние кои се најдоа во тој период на штандот на dm. 

Оваа сабота dm ве поканува на кулинарско патување со dmBio!

Готвење на вкусни органски закуски, дегустација и многу подароци и изненадувања: Оваа сабота, на 24 февруари во 12 часот, dm дрогерие маркт Ве поканува на вкусно и органско кулинарско патување во Скопје City Mall.