4 домашни третмани против црвенило и испукани капилари на лицето 1

4 домашни третмани против црвенило и испукани капилари на лицето

Секој човек мечтае за здрава и мазна кожа. Но, за жал, многу луѓе ги измачуваат кожните проблеми како што се црвенило и испукани капилари на лицето. Оваа состојба медицински е позната како купероза и сеуште не се познати нејзините предизвикувачи. Се претпоставува дека за тоа се виновни гените и ослабеното сврзно ткиво, но за нејзиното појавување секако се одговорни и некои внатрешни и надворешни фактори како стрес, УВ зрачење, алкохол, кофеин, презачинета храна или хормонална нерамнотежа.