Купете производи од Долчела на Подравка во вредност од најмалку 250 денари, пријавете се преку dolcela.mk и освојте одлични награди!

Драги наши читатели, како што знаете, секој месец ве запознаваме со некој од членовите на нашата група. Во денешното интервју разговаравме со Јадранка Весковска, активна членка во групата која речиси секојдневно споделува навистина вкусни јадења. Ве покануваме на кулинарско дружење во групата на Сѐ за храна. А, ако сте веќе член, ве охрабруваме да се пријавите и да бидете дел од рубриката интервју. Добредојдени се љубители на храната!
За сите љубители на италијанската кујна имаме нов рецепт за кремасто рижото со куркума. Овој здрав и вкусен рецепт ќе го освои целото семејство, па сигурни сме дека често ќе се наоѓа на вашето дневно мени. А, тоа што е брз и едноставен нека ви биде уште еден мотив плус да им подготвите на вашите сакани здрав оброк.
Кое е вашето омилено јадење од мексиканската кујна? Дали е тоа бурито, тако или енчилада? Ако ја обожавате мексиканската кујна и ви недостигаат јадењата кои често ги порачувавте во рестораните, сега можете да приготвите вкусно бурито со свинско месо по супер рецепт! Уживајте во совршениот вкус во удобноста на вашиот дом.
Сите се стремиме кон совршено зготвени јадења и одличен вкус! А, нема некој кој што не е заинтересиран за своето здравје! Веруваме и дека уживавте читајќи ги нашите совети посветени на здравјето и кујната, веруваме дека ви беа од голема корист сите едукативни информации и со големо задоволство продолжувате да не следите. И, ви благодариме за тоа! Во овој текст, ги издвоивме трите најчитани совети од сите кои ги споделивме во текот на изминатата година.
Натриум бикарбонат, кој во домаќинствата е познат како сода бикарбона, широко се применува во прехранбената, хемиската индустрија и козметика. Често пати содата ја нарекуваат и бел прав со чудесно дејство и тоа со право! Па, сега ќе ве упатиме како може да ја искористиме за пролетно чистење на кујната.
Кујната е срцето на секој дом, тоа е место каде што се приготвуваат семејните оброци и каде сите се собираат околу масата. Исто така, кујната може да биде и легло на бактерии доколку не посветите внимание на тоа како ја подготвувате храната и како ги чувате одредени предмети во неа. Затоа треба да ги знаете овие мали совети за побезбедна кујна.
Кога кујната се опремува, добро е да се погрижите да трите главни делови како што се делот за припрема на храна, за спремање на храната и делот за готвење на храната да бидат доволно блиску, но во меѓу просторот да остане доволно место. За да го искористите просторот најдобро што можете, дознајте кои се најпрактичните совети за опремување на кујна.
Еве решенија и тоа со природни лекови! Колку пати ви се случило да ве зафати „бран“ на икање и да не можете да престанете, а не помогнало ни задржувањето на здивот, ни вода, ни преплашување како што често сме слушнале помеѓу народот? Ви припремивме неколку совети кои следниот пат може да ви бидат од корист.
Кујната е просторија која секогаш се валка како резултат на влагата и мастите кои настануваат при готвењето на храната. Затоа, хигиената во кујната мора да биде на прво место. Со цел да се избегнат опасностите по здравјето, добро е да бидете запознаени со сите важни информации кои ќе ви помогнат да ја намалите непосакуваната влага во кујната.