Инспирирани од топлите денови, направивме вкусно освежување и ароматично засладување. Иновативно и креативно, а што е најважно брзо и лесно изненадување за семејството и пријателите. Ги обожаваме десертите во чаша, а црешите, јагодите и вишните кои ги имаме во изобилство периодов беа наша мотивација. Така се роди и идејата за овошен ладен десерт во чаша со најубавото јагодесто овошје.
