како да се заштитиме од грипот

Д-р Нела советува: Kако да се заштитиме од грипот во зимскиот период?

Во текот на зимата, појавата на настинки и грип е зачестена. А токму овој период сме сведоци на замавот кој го зазема грипот, особено по градинките и училиштата. Затоа, ја консултиравме Д-р Нела, да ни даде одговор на неколку прашања кои се важни за нашето здравје. Со неа позборуваме на темата како да се заштитиме од грипот во зимскиот период, со кои симптоми се карактеризира, кои лица се под висок ризик и кои природни додатоци во исхраната се корисни за заштита во овој период, па еве повеќе корисни информации. 

рен

Рен за превенција на респираторни заболувања и канцер

Ренот како лек се користел во традиционалната медицина стотини години наназад. Тој е моќен и вкусен зеленчук кој благотворно делува на целиот организам, а особено на синусите, белите дробови, црниот дроб и желудникот. Освен тоа, лутиот и ароматичен рен поволно влијае и на крвниот притисок, варењето на храната, ја подобрува работата на срцето и ги штити нервите од оштетувања.

акни

3 природни начини за лекување на акни

Акните најчесто се јавуваат во време на пубертетот, но многу возрасни се соочуваат со овој проблем, кој предизвикува оштетување и лузни на кожата. Една од најчестите причини за појава на акни се жлездите произведуваат масна течност, позната како себум, кој проаѓа низ мртвите клетки на кожата врз нејзината површина. Транспортот на себумот се прави низ фоликулите, а понекогаш тоа  предизвикува нивно блокирање и акумулација на масната течност под кожата. Тоа доведува до насобирање на бактерии кои доведуваат до појава на акни.