Салатите, печените зеленчуци и варените компири се одлично решение доколку сакате да се храните здраво и диетално. Може да ги конзумирате во секое годишно време, како додаток во менито или пак како главен оброк. Тие се здрави и полни со нутриенти, а се многу повкусни кога се сервирани со прелив за салати, затоа што преливот го збогатува нивниот вкус.
