„Ако сте расположени за вкусна промена и свежина на менито во топлите денови имам нов совршено вкусен рецепт за летна крем салата со брокула, која ќе ве освои!“ – вели Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.

Ако деновиве се двоумите што да правите и како да ги искористите варените јајца имам супер едноставен и превкусен предлог! Пролетва се изнауживавме во најлесната и многу вкусна кремаста салата, па со радост ја споделувам со вас! Не ви треба ништо специјално, мојата брза крем салата со јајца од 4 состојки ќе ве освои со едноставноста! – вели Катерина Шамбевска Спасеновска уредник и фудблогер од нашиот тим.
,,Оваа не е обична салата, туку е баш гурманска! Одлично е што може да се јаде засебно или да се мези со ракија или вино или друг алкохолен пијалак по избор. Па, ако сакаш да доживееш ново вкусно искуство, ти препорачувам да ја пробаш. Ќе се увериш дека нешто вака невообичаено како мојата гурманска брза салата може да ти се допадне и да стане дел од твоето креативно мени!” – срдечно споделува Катерина Шамбевска Спасеновска од нашиот тим.
Додека пазарите изобилуваат со свеж спанаќ, искористете го моментот и направете ја оваа брза и лесна салата. Најчесто салатите се сметаат за диетална храна, затоа што содржат малку калории, а големи количини на вода и растителни влакна. Оваа салата со компири и спанаќ зачинета со ладно цедено масло од семки од тиква е одличен избор за сите кои сакаат да се хранат здраво и внимаваат на својата линија. Можете да ја послужите како гарнир со главното јадење или како засебен оборк.
Припремата е многу лесна! Можеби на прв поглед ќе помислите „Леле, колку е долга листата на состојки!“, но тоа воопшто не треба ве плаши, затоа што скоро сите ги имаме во кујната секојдневно. Сé што треба е само да се соединат. А, како што знаете, една од нашите цели е лесна, брза и вкусна кујна, па овој рецепт за лесна чорба од печурки е баш таков!
Кралско засладување кое го освои сечиј вкус! Пробајте ја нашата непечена Шарлота торта приготвена со ролатите од Vincinni. Толку лесна, неодоливо сочна во вкусот и неверојатно лична. Ги заслужи сите овие пофалби, верувајте. Убава беше уште првиот ден кога ја направивме и пробавме, а уште посочна наредниот ден. Полн погодок во секоја смисла, им се допадна на сите кои ги почестивме, што нас ни причина големо задоволство.