Чај од липа против нервоза и стрес

Липата е листопадно дрво со широка крошна, висока до 25 метри и најчесто цвета во јуни. Кај многу народи, топлиот чај од липа се користи како лек за многу здравствени проблеми. Како што кажува легендата, зраците на сонцето се во цветовите на липата, па затоа по испиениот чај од липа, сонцето влегува во нашиот организам. За липата е познато дека е најдобриот борец против стресот.

липа

Липа – здравје сервирано во шојла чај

Билната медицина со векови се практикува на сите седум континенти, при што за лековита намена се користат неколку стотини различни растенија, меѓу кои се наоѓа и широко распространетата липа која најчесто се користи во облик на чај.