Дали е добро да јадеме лути пиперчиња? Сте се запрашале ли дали се здрави и како влијаат во организмот? – Ќе се изненадите кога ќе ги прочитате нештата кои ги дознавме за нив.

Дали некогаш сте се запрашале зошто чили пиперките се толку лути? Чили пиперките изобилуваат со капсаицин, состојка која им ја дава лутината на лутите пиперки и претставува моќен лек против многу заболувања кај човекот. Се наоѓа во свежи, сушени или мелени лути пиперки. За мерење на лутината се користи скала која е наречена„Scoville scale“. Чистиот капсаицин има дури 16 милиони Scoville единици, што значи дека е многу силен, па неговата лутина би ја почуствувале дури и кога би го консумирале разреден за милион пати. Затоа, доколку сега почнувате за прв пат да воведувате луто во вашата исхрана, започнете со многу мали количини, па потоа постепено можете да ја зголемувате дозата.
За пиперките се врзани разни народни верувања. Во целиот свет важат за силен афродизијак, а посебно лутите пиперчиња. Факт е дека влијаат позитивно на крвотокот, па веројатно така и имаат способност да ја зголемуваат страста и расположението. Има повеќе предности на пиперките кои ќе ве уверат дека имаат право да бидат често на нашето мени, па препорачуваме да продолжите со читање.