Ако сте љубители на чорби, ова е вистинскиот избор за вас! Време е за рибина чорба со домашно макало од лук по рецепт на Ана Наумовска! Се прави многу лесно и едноставно и е вистинско уживање за сите сетила.

Речиси и да нема човек кој не знае дека лукот има голем број на здравствени придобивки. Истото е и со лутата пиперка. А, кога овие две намирници ќе се спојат, силно здравје е загарантиран резултат. Како да ги искомбинирате за максимално уживање, освен искористување на бенефитите? – Макало од лук и лут буковец е вистинскиот избор!
Кај има поубаво од вкусот на домашните традиционални јадења? Се сложувате ли со нас? – Ве потсетуваме на едно јадење кое потсетува на љубовта и грижата од мајките и бабите. На Инстаграм профилот на Сика, најдовме проверено вкусно макало од сушени пиперки и компири. Нашата семејна традиција е многу слична со онаа на нашите пријатели од Сика, па со задоволство го споделуваме овој супер вкусен и посен рецепт.
Организирањето на слава за домаќините секогаш претставува посебен предизвик. Иако сите сме свесни дека гозбата не треба да биде главна работа кога се слави славата, сепак домаќините имаат голема желба да ги почестат гостите на што подобар начин. А кога сме кај тоа, секогаш се јавува дилема што да послужат како главно јадење за куќната слава.
Ако ви досадило да јадете месо секојдневно, а не знаете што вкусно и посно да си подготвите, ви предлагаме еден рецепт за макало од праз и пиперки, кој сосем случајно го испробавме во нашата кујна и прерасна во еден од омилените посни рецепти. Вкусот е многу добар, топло препорачуваме да го пробате!